За Нас

 

ФРАГМАТ - МАК е мешовита словенечко-македонска компанија која се занимава со производство на EPS (експандиран полистирен) - стиропор.
Фирмата е регистрирана на крајот од 2003 година а со производство започна во март 2004-та.
Деловната стратегија на компанијата FRAGMAT MAK е базирана на следење на светските стандарди кога станува збор за експандираниот полистирен.
Во процесот на производството се користи исклучиво влезна суровина од произведувачи кои имаат сертификат ISO 9001 или ISO 9002, што гарантира квалитет на готовите производи.

ФРАГМАТ - МАК е дел од групацијата FRAGMAT, во чиј состав се наоѓаат:

FRAGMAT TIM - Лашко, Словенија,

FRAGMAT HR - Загреб и Сплит, Хрватска,

TIM IZOLIRKA - Шид, Србија,

FRAGMAT-COR - Шид, Србија,

што значи дека групацијата FRAGMAT покрива голем дел од пазарот во Југуисточна Европа.
Компанијата ФРАГМАТ - МАК се наоѓа на многу убава локација ↗ на самиот магистрален пат Куманово - Софија (Бугарија) што и овозможува покривање на пазарите во:
- Македонија,
- Бугарија,
- Србија и
- Косово.
Станува збор за нова фабрика со површина од 3500 m2, изградена на локација од 5500 m2.
ФРАГМАТ - МАК со своите производи покрива голем дел од пазарот во Македонија, Европскиот пазар како и на пазарите во Бугарија, Косово, Албанија, Србија.
Во текот на своето работење фабриката воведе во призводство и нови артикли, како што се украсните фасадни профили и столбови, потоа повеќе иновации во градежништвото, олеснети меѓукатни конструкции (систем FRAGMAT MК1 и МК2), надворешни фасадни ѕидови од стиропор (систем FRAGMAT NZ 1) за кои е добиена исправа за патент од Државен завод за индустриска сопственост.
Овие производи наоѓаат во се поголема примена при изградбата на градежни објекти.
Освен со производство на EPS, ФРАГМАТ - МАК се занимава и со продажба на сите материјали за изведба на фасади.

Бизнис Карта

Фирма:Друштво за производство инженеринг и трговија ФРАГМАТ - МАК ДОО Куманово
Кратко име:ФРАГМАТ - МАК ДОО Куманово
Седиште:ул. Моша Пијаде бр. 2, 1300 Куманово
Контакти:Т: +389 (0) 31 43 11 00 
Ф: +389 (0) 31 43 77 44
E: fragmat@fragmat.mk
Матичен Број:5808006
Даночен Број:МК 4017003146590
Жиро Сметка:
200 000 939 87 10 16
Стопанска Банка АД Скопје
Упис во регистар:Централен Регистар на Република Македонија, 22.12.2003 г.
Овластен Застапник:Јордан Арсовски, Директор